Чави: Подготвен сум да ја водам Барселона

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Чави, кој е тренер на катарскиот Ал-Сад, изјави дека е подготвен да го предводи каталонскиот тим.



Претходно беше објавено дека тој добил понуда по отказот на Ернесто Валверде, но тој не сакаше да го напушти својот клуб кон средината на сезоната.

– Мојот најголем сон е да станам тренер на Барселона. Сакам да се вратам во клубот за да успеам. Јас би сакал да ги имам сите услови да започнам од нула. Мојот тренерски персонал и јас се подготвуваме за тоа. Јас би сакал да можам да донесувам фудбалски одлуки во Барселона.

Опцијата за враќање во клубот по претседателските избори би била идеална. Во јануари, Барселона ми се обрати, но тогаш ниту околностите ниту времето не ми одговараа. Се надевам дека повторно ќе ме повикаат, нагласува Чави.

Извор:  МИА
Објавена на 29.06.2020 13:08:18