Шарлиз Терон го нападна „дебелиот“ Стивен Сегал

Шарлиз Терон смета дека ѕвездата од американските акциони филмови, Стивен Сегал е „неверојатно тежок“ – телесно и дека не е вистински мајстор за боречки вештини.



Во радиоемисијата на Хауард Стерн, прашана како таа се подготвува за нејзините акциони улоги, актерката рече дека, меѓу другото, гледа борби на интернет.

– И така, ќе наидам на видео како Стивен Сегал „се тепа“ во Јапонија. Всушност, се преправа. Тој е неверојатно тежок и само ги турка луѓето. Поради неговата огромна телесна тежина, тој не ни може да се тепа. Мислам, смешно е. Ги турка луѓето внесувајќи им се во лице. Очигледна местенка!, нагласи Терон.

Јавувач, љубител на Сегал жестоко негодуваше на тоа, па Терон му одговори и нему.

– Не, немам проблем да ги говорам овие г**нарии за него, зашто тој не е многу фин ни со жените, па еб* се и ти!, рече таа во етерот.

Терон тука веројатно мислеше на обвинувањата на британската актерка Рејчел Грант која неодамна тврдеше дека на една аудиција тој ја зграпчил и почнал да се соблекува. Сегал тогаш ги отфрли обвинувањата за сексуален напад.

Извор:  МИА
Објавена на 25.06.2020 11:53:57