Антониа ги предизвика Елена и Каролина да го покажат лицето без шминка

Македонската пејачка Антониа Гиговска ги предизвика своите колешки да го покажат природното лице, но истовремено и да ја доловат моќта на шминката.



-Ова е доказ дека никој не е совршен. На крајот од денот ја бришам шминката. Јас се сакам себеси без шминка. Јас се чувствувам убаво без шминка, напиша Антониа на Инстаграм.

Од македонските пејачки беа предизвикани Елена Ристеска, Каролина Гочева, Лина Пејовска, Марија од „Ај Кју“ и Мартија Станојковиќ.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.06.2020 13:27:21