Меган Фокс е минато: Брајан Остин Грин има нова девојка

По разделбата со Меган Фокс, актер и водител Брајан Остин Грин е забележан со друга девојка, овојпат – 21 година помлада од него.



Се работи за Кортни Стоден – позната американска водителка, манекенка и пејачка. Таа и ѕвездата од ТВ-серијата „Беверли Хилс“ биле фатени од папараци, при прошетка и ручек во градот Агура Хилс, Калифорнија, САД.

Остин Грин (46), во својата интернет-емисија минатиот месец објави дека се разделиле со Меган Фокс, по 15 заеднички години и 10 години брак. Тие имаат и три сина.

Извор:  МИА
Објавена на 16.06.2020 11:53:17