Пиењето топла вода наутро, откако ќе станете од спиење, и навечер пред да си легнете може да биде мошне корисно за вашето здравје.
Топлата вода освен што ќе ве опушти, влијае врз дигестивниот систем, може да ви ги олесни менструалните болки, а воедно да ви помогне и во регулирањето на тежината. Бидејќи истата нема некој посебен вкус, секогаш можете да ја збогатите со малку свежо исцеден лимон и мед.
1.Ја поттикнува работата на дигестивниот систем и го олеснува слабеењето
Најголемата придобивка од пиењето топла вода се однесува на дигестивниот систем. Таа го забрзува метаболизмот, а со тоа и трошењето на калории. Во прилог следат два напитока со топла вода кои можете да ги приготвите веднаш.
Утрински забрзувач на метаболизмот
Чаша топла вода
2 лажици свежо исцеден сок од лимон
1 лажица мед
Овој напиток го забрзува метаболизмот и помага при слабеење, а треба да го испиете наутро, штом се разбудите.
Намалувач на гладот
- Чаша топла вода
- 1 лажица цимет
- 1 лажица мед
Напитокот со цимет и мед го стабилизира нивото на шеќер во крвта, ви дава чувство на ситост и го намалува чувството на глад. Половина од чашата треба да испиете наутро на празен желудник, а останатата половина навечер, после вечерата.
2.Го намалува стресот
Истражувањата покажуваат дека топлата вода има влијание врз централниот нервен систем, а воедно и врз намалувањето на стресот во телото. Доколку честопати се чувствувате анксиозно и нервозно, чаша топла вода може за кратко да ви ги смири нервите и да ве опушти.
3.Го спречува предвременото стареење
Пиењето топла вода помага во прочистување на телото од најразлични токсини и ја обновува еластичноста на клетките во кожата. На овој начин, освен тоа што се ослободувате од непотребните материи, водата ви го штити телото од предвремено стареење.