Футурама

Негативните мисли го зголемуваат ризикот од деменција

Луѓето во поодмината возраст не ретко започнуваат да размислуваат на негативен начин. Тоа, може да доведе до намалување на умствените способности и поголема опасност од деменција и од Алцхајмерова болест, покажува ново истражување на британски научници.



Според новата теза на Колеџ универзитетот во Лондон, негативното размислување за минатото и големата загриженост за иднината може да бидат еден фактор повеќе во прилог на опасноста од деменција.

Научниците истакнуваат дека депресивните и анксиозните луѓе се поподложни на намалување на умствените способности од оние кои гледаат попозитивно на животот. Но, измереното ниво на протеинот амилоид, којшто е предизвикувач на Алцхајмеровата болест, не било повисоко кај лицата кои стадаат од депресија и анксиозност.

Како што објаснува д-р Натали Мерчант, тоа води до претпоставката дека токму честите негативни мисли се главна причина за депресија и анксиозност, а натаму и за Алцхајмерова болест или деменција.

Извор:  0
Објавена на 08.06.2020 14:51:01