Зеленчуци кои го намалуваат таложењето масти во црниот дроб

Зеленчуците како брокулата, карфиолот, прокељот, кељот и зелката може да го намалат ризикот од болести.

Ново истражување покажало дека овие зеленчуци содржат соединение кое помага против таложење на маснотиите во црниот дроб, кое е поврзано со прекумерната тежина, тип 2 дијабетес, високо ниво на шеќер во крвта, инсулинска резистентност и зголемено ниво на триглицериди.

Истражувачите ги разгледале нивоата на ова соединение - наречено индол - во дигестивните системи на 137 лица кои биле со прекумерна тежина, тежина над нормалната и нормална. Откриле дека учесниците со прекумерна тежина имаат пониско ниво на индол во нивните системи и повисоко ниво на на маснотии во црниот дроб, во споредба со оние кои имаат помала тежина.

Исто така биле анализирани и ефектите на индолот врз мастите на црниот дроб кај глувци со прекумерна тежина, при што било откриено дека тој ја редуцирал инфламацијата и останати фактори, што демонстрирало дека може да се користи за превенција или третирање на замастен црн дроб. Индолот и сулфорафанот (соединение богато со сулфур кое го има во овие зеленчуци), воедно може да го намалат и ризикот од одредени канцери.



Тие се нискокалорични, но богати со фолати и витамините Ц, Е и К, а бидејќи се богати и со влакна тие се добри за слабеење бидејќи подолго време го држат организмот сит.

Моментално, потребни се повеќе истражувања за да се одреди дали е подобро оваа група на зеленчуци да се јаде сурова или зготвена.

Некои луѓе чувствуваат подуеност и гасови кога јадат карфиол и слична храна, што вообичаено е преидзвикано од големата количина на влакна, а доколку тоа ви се случува и на вас, потребно е ваквите зеленчуци постепено да ги додавате во исхраната во период од неколку недели, а не, на пример, да изедете цела брокула одеднаш.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.06.2020 18:24:19