Денешниот појадок од Dave’s Kitchen е мошне освежителен, се подготвува за 5 минути и можете да го направите во неколку комбинации, во зависност од тоа кој вкус го преферирате повеќе.
Потребни состојки:
Црвено смуди
- 2 грста замрзнато шумско овошје
- 1 свежа банана
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 2-3 гранчиња свежо нане
- 200 мл јогурт/млеко/бадемово млеко
Жолто смуди
- 2 грста замрзнат ананас на коцки
- 1 праска
- 200 мл. кокосово млеко
- 1-2 ливчиња босилек
Портокалово смуди
- 2 портокали излупени и замрзнати
- 1 банана замрзната
- 1 изрендан морков
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 200 мл. бадемово млеко
Зелено смуди
- 2 грста беби спанаќ
- 2-3 гранчиња свеж магдонос
- 1 дланка замрзнат ананас
- ½ авокадо кора и сок од 1 лимон
- 200 мл. бадемово млеко
Розево смуди
- 2 грста замрзнати јагоди
- 1 замрзната банана
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 2-3 лажици јаворов сируп или мед
- 200 мл. кокосово млеко