Футурама

Facebook нуди нова услуга за онлајн трговија

Facebook почнува со нова услуга – „Продавници“ (Shops) – што ќе им овозможува на бизнисите да изложат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот.



-Мислам дека ова е особено важно сега затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19, напиша Цукерберг на личниот профил на Facebook. Според него мрежата ќе работи во соработка со Shopify и седум други платформи за онлајн трговија.

Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку Facebook и Instagram, ќе има и опција за плаќање преку платформите, а клиентите ќе можат да комуницираат со трговците преку WhatsApp и Messenger. Услугата „Shops“ ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите и тоа ќе доведе до зголемување на платено рекламирање.

Извор:  МИА
Објавена на 20.05.2020 09:58:39