Фестивалот „Skopje Calling“ презакажан за 12 септември

Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, од Авалон Продукција информираат дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучија да не ризикуваат и да чекаат развој на состојбата, туку да го презакажат фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.



-VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот, велат од продукцијата.

Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот Skopje Calling, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.04.2020 10:25:40