Мексиканската компанија за пиво „Корона” соопшти дека привремено го запира производството на овој светски познат напиток. Одлуката стапува во сила вo недела.
Владата на Мексико неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и наложи прекин на неесенцијалните производни активности во државата.
Според последните податоци, во Мексико има 1.510 луѓе заболени од коронавирусот, а 50 се починати.
Најпознатото мексиканско пиво „Корона” се извезува во 180 земји во цел свет.