Dave`s Kitchen: Лиснати плетенки со сусам и сув зеленчук

Овие лиснати плетенки се подготвуваат многу брзо бидејќи за нив ќе користите готово лиснато тесто. Истото може да го пронајдете во поголемите супер маркети замрзнато како лиснати плочки.



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Одмрзнете го лиснатото тесто и расукајте го на набрашнета работна површина во голема правоаголна кора тенка 2-3 мм. Со помош на мини шпатула, лажица или ноже премачкајте го путерот или маргаринот низ целата кора со цел да ни залепи мешаниот сув зеленчук. Нарусете од мешаниот сув зеленчук и кората превиткајте ја на половина. Пресечете ленти надолу и превиткајте ги како спирала. Наредете ги во тавче со хартија за печење. Секоја од плетенките премачкајте ја со лесно изматено јајце и нарусете сусам и мешан сув зеленчук по желба. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-тина минути. Послужете во декоративна чинија.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.04.2020 12:37:06