Арсенал влегува во трката по Џејмс Родригез

Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џејмс Родригез.



Според британските медиуми „топџиите“ сакаат да го добијат 28-годишниот играч во текот на летото. Претходно уште три клуба од шампионатот на Англија, пројавија интерес за Колумбиецот. Тоа се: Манчестер сити, Евертон и Вулверхемптон.

Родригез има еден гол и две асистенции на 13 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Колумбиецот на 40 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 01.04.2020 11:46:54