Омнибус

Холанѓанка на возраст од 101 година го победи корона вирусот

Жена од Холандија, која има 101 година, била примена во болница пред десетина дена, поради зараза со коронавирус и со тешкотии во дишењето. Но, таа оздраве и сега ќе може да ја напушти болницата.



– Таа е силна госпоѓа и убаво е да се види како ги слушаше здравствените совети, на пример, кивањето во лактот. Дури и ме предупредуваше мене да држам растојание, објаснува пулмологот Сунил Рамлал.

Името на старицата засега не се соопштува. Живее сама, но ќе мора да се одмори и рехабилитира во старечки дом, пред се врати дома.

Минатата седмица, светот го обиколи веста за 101-годишниот Италијанец, како и за неколкумина други кои оздравеле од вирусот.

Извор:  МИА
Објавена на 01.04.2020 11:23:47