Футурама

Со роботи во борба против корона вирусот

За да им се даде неопходниот одмор на здравствените работници за време на корона пандемијата, во Кина една болница била опремена со роботи.



Во Smart Field Hospital, роботи, произведени од стартап компанијата CloudMinds, ги вршеле основните задачи како следење на температурата, срцевите отчукувања и нивото на кислород во крвта на пациентите, а се

Целта е да се минимизира ширењето на инфекцијата бидејќи роботите лесно можат да се дезинфицираат за да не пренесуваат болести.

Пациентите носеле паметни алки за следење на нивните витални функции, а другите роботи се грижеле за нив носејќи им вода и храна, како и лекови. Некои роботи дури и играле за да ги забавуваат пациентите.

Тимот истражувачи успешно демонстрирал робот кој може далечински да се управува за да зема брис од грлата на пациентите, со тоа минимизирајќи го контактот со здравствените работници во болницата. CloudMinds имаат испорачано повеќе од 100 роботи до кинески болници, хотели и школи.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.03.2020 11:27:51