Футурама

Креирани крвни клетки за универзална трансфузија

Научниците креирале црвена крвна клетка која го камуфлира својот имунолошки статус, што значи дека таквата крв потенцијално би можела да се искористи за трансфузија на било кого во итен случај, без разлика на неговата крвна група.



Црвените крвни клетки содржат разни антигени, „знаци“ на нивната површина кои на антителата и на другите имунолошки клетки им кажуваат дали се работи за клетки од сопственото тело, или од туѓо.

Така, А и Б антигените ги има на црвените крвни клетки на луѓето со крвна група А, Б, или Б. Доколку на личност со крвна група А и се даде трансфузија од крвна група Б, се случува реакција која ги уништува црвените крвни клетки што може да ја разболи личноста која ги прима, па дури да доведе и до смрт.

Крвната група „О„ (или „нулта“) ги нема ниту А ниту Б антигените, па така крвта со оваа крвна група може да се искористи за трансфузија на било кого без да предизвика реакција кај него.

Некои крвни клетки, пак, имаат резус или „Д“ антигени на нивната површина, што ги дава позитивните групи А+, Б+, АБ+, или О+. Доколу овој Rh антиген го нема, тогаш групата е негативна – А-, Б-, АБ-, О-.

Ставање на Rh позитивна крв во некој со Rh негативна исто така е ризично и може да предизвика реакција.

Поради тоа О негативната група е специјална, и е универзален донор бидејќи може да се стави во било кого. Сега, тим истражувачи од школата за медицина при универзитетот Zhejiang во Хангџу, Кина, Rh позитивните црвени крвни клетки ги премачкале со слој хидрогел, сврзан за површината на клетката. Целта на тоа била да се скрие Rh статусот на клетката од имунолошкиот систем на начин на кој таа не ја губи својата функција во поглед на транспортирање на кислород.


Таквите клетки биле тестирани дали се почувствителни на кршење од обичните, при што било заклучено дека не се, а потоа било проверено и дали се способни да се згрутчуваат, што биле – исто како и вистинските клетки.

Најважно од сè, и нивната способност за пренесување на кислород била идентична како онаа на вистинските клети.

Истражувачите сметаат дека маскирањето на антигенот Д во комбинација со други методи за криење на А и Б антигените на клетката би овозможило произведување на О негативна крв од другите типови, што значително би помогнало во креирањето на доволни залихи на крв која одговара на сите, особено на оние во одделите за трауматологија на која што им е итна.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.03.2020 11:15:47