Никој не е поштеден од вирусот: Принцот Чарлс позитивен на корона

Ниту британското кралско семејство не е поштедено од пандемијата на коронавирусот.

Бакингемската палата утрово соопшти дека принцот Чарлс (71) е позитивен на Ковид-19. Принцот во моментот се наоѓа во самоизолација на неговиот имот во Шкотска. Неговата сопруга Камила исто така го направила тестот, но е негативна.



-Принцот од Велс е позитивен на коронавирусот. Има благи симптоми, но е во добро здравје и во последните неколку дена работи од дома како и вообичаено, соопшти Бакингемската палата.

Кралицата Елизабета исто така е во добра здравствена состојба.

-Нејзиното величество останува во добро здравје. Кралицата се сретна накратко со принцот од Велс на 12ти март и поради тоа ги следи сите совети поврзани со нејзината добросостојба, велат од палатата.

Се претпоставува дека принцот најверојатно се заразил од принцот Алберт од Монако, кој исто така е позитивен на вирусот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.03.2020 12:43:50