Футурама

Откриена егзопланета на која врне течно железо

Научниците откриле екстремна егзопланета каде атмосферата е толку богата со железо, што тоа буквално врне од небото.



Со помош на Европската Jужна Oпсерваторија (ESO - European Southern Observatory), астрономите ја откриле егзопланета на која и било дадено името WASP-76b. Таа се наоѓа на 640 светлосни години од нас, во соѕвездието риби. WASP-76b има толку бизарни температурни и хемиски состав, да ултратоплите денови го испаруваат железото од планетата, кое врне назад на неа навечер кога се оладува и кондензира.

Едната половина на планетата е секогаш свртена кон нејзиното сонце, додека на другата е перманентна ноќ. Така, кога железото испарува на потоплата хемисфера, тоа со помош на силните ветришта преминува на темната страна каде врне.

Тимот астрономи деталната анализа на планетата ја добил со помош на алатката ESPRESSO, првенствено наменета само за идентификување на егзопланети, а за која се испоставило дека е одлична и за нивно анализирање.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.03.2020 12:18:24