Футурама

Откриена досега најстарата супермасивна црна дупка

Црната дупка на која и е дадено името PSO J0309+27 најверојатно се формирала 900 милиони години по Big Bang-от („Големиот Прасок“). Иако звучи како голем временски период, космички гледано тој е исклучително мал, особено кога ќе се спореди со староста на Универзумот.



Тим италијански астрономи смета дека најверојатно постојат стотици вакви црни дупки кои потекнуваат од најраните денови на постоењето на Универзумот.

Црната дупка била забележана поради блазар – масивна експлозија која потекнува од црна дупка, а која е фокусирана во зраци јони кои се движат во спротивни насоки со брзина блиска до онаа на светлината – која се случила пред ооколу 13 милијарди години, а чија светлина сè уште стигнува до Земјата.

Ова откритие потврдува дека блазарите постеле за време на епохата на историјата на нашиот Универзум позната како „рејонизација“ – период по Big Bang-от кога првите ѕвезди и галаксии почнале да се формираат.

Бидејќи овие зраци се исклучително слаби, се верува дека постојат многу слични црни дупки кои ги немаме забележано поради тоа што не се свртени кон Земјата и ваквите зраци се невидливи за нас.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.03.2020 10:53:32