Футурама

Идни медицински импланти би се полнеле со звук

Без разлика дали се работи за песмејкер или специјална пумпа за инсулин, електронските импланти се значаен дел од модерната медицина. Меѓутоа менувањето на нивните батерии не е лесно, особено кога вклучува хируршка процедура.



Сега, истражувачите од универзитетот за наука и технологија од Саудиска Арабија и универзитетот King Saud bin Abdulaziz креирале нова метода за полнење на биоелектричните импланти, со помош на мек, биокомпатибилен хидрогел способен да апсорбира звучни бранови со чија помош се полнат нивните батерии.

Иако оваа технологија е сè уште рано во нејзиниот развоен процес, тие демонстрирале дека е возможно е со бројни ултрасонични уреди да се полнат електрични уреди имплантирани во неколку сантиметри ткиво во форма на говедско месо.

Новата класа дводимензионални материјали наречена MXene може да апсорбира ултразвучна енергија од стандардните медицински ултразвучни сонди кои ги има во болниците, па дури и во некои домови. Ваквите материјали овозможувале полнење на трибоелектричен генератор со микромоќност, од далечина со ултразвук.

Тоа би значело дека во иднина значително би можел да се олесни процесот на полнење на имплантите, првенствено за пациентите кои нема да имаат потреба од хируршки интервенции за секое менување на батеријата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.03.2020 10:55:28