Омнибус

Биле себични и непримерни во супермаркет, па сега добиваат закани по живот

Двојка од Канада го купувала огромна количина месо во супермаркет, предизвикала метеж, па сега живее во страв, поради тоа, како што велат, добиваат бројни закани, па дури и по живот.

Ден Маркоти и неговата девојка викендов биле снимени како ја полнеле количката колбаси, шунка и други месни производи. И тоа видео било објавено како дел од вестите дека луѓето купуваат за да се справат со корона-кризата.

Но, тие двајцата, според многумина, практично „се тркале” со другите купувачи, „земајќи им ги од пред нос последните примероци“, се фалеле со тоа, па го навлекле гневот на себе.

Работата отишла дотаму, што сопствениците на трговскиот објект ги обвиниле за создавање паника при и онака тешката состојба со коронавирусот. Потоа следело и ограничување на купувањето.

Маркоти си ја признава грешката… Вели дека тоа го направил поради „анксиозност од корона-кризата“.

– Сега сите знаат кој сум, па добивам и смртни закани. Не се јавувам на телефон, а може да ја изгубам и работата. Моја родена мајка се срами од мене, рече тој за тамошните медиуми.

Маркоти, како знак на каење, донирал 1.000 долари за храна во банка во Лејк Кантри.

Извор:  МИА
Објавена на 24.03.2020 12:34:54