Футурама

Нов наноматеријал би можел да го замени човечкото ткиво

Европски истражувачи измислиле гумен наноматеријал кој се интегрира со човечкото тело, што може да го отвори патот за сè, од нови реконструктивни операции, па до екстремни модификации на телото.



Нетоксичниот материјал, детално опишан во студијата од научниците од универзитетот Чалмерс во Шведска, е направен од истите компоненти како плексигласот.

Целта на истражувачите била да креираат материјал кој би користел како замена за коските, но откриле дека со негово правилно тој добивал гуместа текстура за која веруваат дека би можела да ја замени ‘рскавицата во зглобовите и протетичките носови.

Постојат многу болести каде ‘рскавицата се уништува што резултира со триење на коските, кое предизвикува силна болка кај пациентите. Овој материјал потенцијално би можел да се користи во таквите случаи.

Материјалот може да се третира со малечки протеини кои ги има во имунолошкиот систем за да има антибактериски карактеристики – со што би можел да се користи и за изработка на уринарни катетери.

Истражувачите кои стојат зад креирањето на овој материјал ја оформиле компанијата Amferia за да го комерцијализираат и понудат на пазарот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.03.2020 12:03:36