Футурама

Најмоќниот суперкомпјутер во светот открива потенцијални третмани за COVID-19

Научниците на најмоќниот суперкомпјутер во светот му дале задача да врши илјадници симулации за да ги открие соединенијата од лековите кои би можеле да помогнат во борбата против COVID-19.



Суперкомпјутерот „Summit” кој се наоѓа во националната лабораторија Oak Ridge во Тенеси идентификувал 77 третмани со кои можеби би било возможно да се запре новиот вирус.

Ова нова студија дури би можела да помогне на истражувачите да развијат вакцина за него, но и без тоа ова е многу важен прв чекор во процесот на изнаоѓање ефективен третман.

Масивниот суперкомпјутер имал за задача да открие соединенија кои би можеле да се сврзат со “spike protein“-от  односно С-протеин на вирусот, кој тој го користи за инфицирање на клетките на неговиот домаќин. Елиминирајќи ја ефективноста на овој протеин, би се спречило ширењето на вирусот.

Со помош на претходно креирани модели на spike протеинот на коронавирус, истражувачите симулирале како честичките во овој вирусен протеин би реагирале со различни соединенија од лековите. Тие на тој начин креирале листа од 77 потенцијални кандидати, која потоа била намалена на 7 кои би можеле да се искористат за експериментални истражувања за третирање на новиот вирус.

Следно, тимот истражувачи планира да направи уште една симулација користејќи исклучително прецизен модел на spike протеин на COVID-19 идентификуван во студија објавена минатата недела од друг тим истражувачи.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.03.2020 10:54:05