Харви Вајнстин позитивен на КОВИД-19

Холивудскиот продуцент, осуден за сексуални напади и силување, Харви Вајнстин е заболен од новиот коронавирус, пренесуваат американските медиуми.



Филмаџијата кој овој четврток наполни 68 години, е изолиран во Казнено-поправниот завод Венд во западен Њујорк. Тој е еден од двајцата затвореници од овој затвор кај кои тестовите покажале дека се позитивни на КОВИД-19, соопштија властите.

Вајнстин издржува 23-годишна затворска казна за силување и сексуална злоупотреба.

Извор:  МИА
Објавена на 23.03.2020 10:15:26