Футурама

Откриени 139 мали планети во Сончевиот Систем

Тим астрономи од универзитетот на Пенсилванија откриле 129 планети – премногу мали за да бидат наречени планети, но не се ниту комети ниту вселенски карпи – кои орбитираат подалеку од Нептун.



Наречени „транс-нептунски објекти“ (TNO - “trans-Neptunian Objects”) , од кои најпознатиот е Плутон (кој порано се сметаше за планета), овие објекти орбитираат околу објекти во Куиперовиот појас, регионот од нашиот Сончев Систем кој се протега зад 8-те големи планети.

Ова откритие би можело да отвори нови начини за потрага по мистериозната „планета 9“, хипотетичката деветта планета во нашиот Сончев Систем, за која некои се сомневаат дека предизвикува чудни гравитациски ефекти на кластер TNO зад орбитата на Нептун.

Тимот истражувачи користел податоци од DES (Dark Energy Survey), интернационална колаборација лансирана во 2013-та со цел да се мапираат стотиците милиони галаксии, проект кој овој јануари го завршил 6-годишното собирање на податоци.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.03.2020 15:27:49