Ковид-19 го одложи и Изборот за песна на Евровизија

Организаторите на избор за песна на Евровизијата денеска соопштија дека поради ситуацијата со коронавирусот го откажуваат ова музичко натпреварување.

-Со голема тага мора да соопштииме дека Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан. Во текот на последните неколку седмици разгледувавме различни алтернативни опции како да ја организираме Евровизија. Меѓутоа, со оглед на неизвесноста која ширењето на коронавирусот го предизвика во Европа и ограничувањата воведени од земјите-учеснички и Холандија, ЕБУ донесе тешка одлука дека не е можно да се продолжи со планираниот настан, се вели во соопштението од ЕБУ.

-Скршено ни е срцето бидејќи Евросонг нема да се одржи во мај, но сигурни сме во тоа дека целото Евросонг семејство ширум светот ќе продолжи да шири љубов и поддршка во овие тешки времиња, соопшти, меѓу другото, организаторот на манифестацијата.

Изборот за песна на Евровизија требаше да се спроведе од 12 до 16 мај во Ротердам, а македонски претставник требаше да биде Васил Гарванлиев.

Извор:  МИА
Објавена на 18.03.2020 15:49:42