Подгответе креативен, здрав и посен појадок ова утре. Smoothie bowl е одличен за зајакнување на имунитетот, а воедно ќе ве наполни со енергија.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 200 мл вода ( или јогурт доколку не постите)
- 100 г мешано шумско овошје ( рибизли, малини, капини и јагоди)
- 1 лажица чиа семе
- 1 мало парче свеж ѓумбир
- 1 морков, исечкан на кругови
- Кора од 1/2 лимон
- 1/2 лажичка цимет
- 1 лажица мед со прополис ( доколку не постите ) во спротивно може да користите агаве сируп, маџун, малтекс или јаворов сируп.
За декорација:
- Гранчиња свежо нане
- Неколку зрна замрзнато шумско овошје
- Чиа семе
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете густа каша. Сервирајте ја кашата во чинија и декорирајте.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.