Премиера на 3-та сезона на HBO серијата „Вестворлд“

Премиерата на третата сезона на хит серијата на HBO „Вестворлд“ (Westworld) ќе биде на 16. март во 20.00 часот на HBO каналот, а првата епизода истиот ден ќе биде достапна и во HBO GO понудата.



„Вестворлд“ е мрачна одисеја за развојот на вештачката свест и еволуцијата на гревот. Серијата го истражува светот во кој секоја човечка желба, без оглед дали е благородна или изопачена, може да биде задоволена. Барајќи го одговорот што значи да се биде човек во очите на андроидите кои се домаќини на паркот, „Вестворлд“ ги открива границите на овој егзотичен свет кој се наоѓа на раскрсница помеѓу блиската иднина и измисленото минато.

Внимателно осмислен и вешто дизајниран „Вестворлд“ на посетителите им нуди единствен свет во кој имаат слобода да бидат она што отсекогаш сакале. Без правила, без закон, без осуда. Живот без ограничување.



Актерската екипа ја сочинуваат Еван Рејчел Вуд, Џефри Рајт, Ед Харис, Теса Томпсон, Танди Њутн, Лук Хемсворт, Сајмон Квотерман и Родриго Санторо, а во третата сезона им се приклучуваат и Арон Пол, Венсан Касел, Лена Вејт, Скот Мескади, Маршан Линч, Џон Галагер Јуниор, Мајк Или и Томи Фланаган. Третата сезона ќе има осум епизоди, а автори се Џонатан Нолан и Лиса Џој. Тие се и извршни продуценти на серијата заедно со Џ.Џ.Абрамс, Атена Вилкам, Ричард Луис, Бен Стивенсон и Дениз Те.

Првите две сезони на „Вестворлд“ имаа 42 номинации за „Еми“. Втората сезона освои три награди „Еми“ меѓу кои и онаа за најдобра споредна женска улога која ја доби Танди Њутн.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.03.2020 11:10:29