Dave’s Kitchen: Тирамису торта

Подгответе го тирамисуто на малку поинаков начин – во торта.

Сочен, кремав и неодолив вкус на кафе, маскарпоне сирење и ванила. Победничка комбинација за сите оние кои имаат истенчен вкус.



Потребни состојки:

За декорација:

Начин на подготовка:

Најпрво во сад на пареа изматете ги жолчките заедно со 100 г шеќер во прав и постојано матејќи, гответе ги околу 10 минути. Тргнете од пареа и во длабок сад изматете ги белките со 150 гр шеќер и две пакетчиња ванилин шеќер во цврста пена. Во посебен сад изматете го маскарпонете со 60 гр шеќер во прав. Во садот со изматеното маскарпоне додајте ги зготвените жолчки и промешајте. Додајте ги изматените белки и соединете го целиот фил. На крај додајте го раствореното пакетче желатин на пареа и добро промешајте.

Во округло тавче на механизам ставете го готовиот пандишпан и потопете го со малку сварено еспресо. Додајте од филот со маскарпоне и израмнете низ целата површина. Нарусете какао, а потоа наредете еден слој пишкоти потопени во еспресо. Нанесете од филот со маскарпоне и нарусете какао. На крајот завршете со ред пишкоти потопени во кафе и тенок слој од филот со маскарпоне. Нарусете какао.

Изматениот шлаг пренесете го во кесичка за декорација и формирајте мали топчиња на врвот на тортата. Нарусете со какао и декорирајте со парчиња чоколадо во средишниот дел од тортата. Оставете ја да се стегне минимум 4 часа во ладилник или преку ноќ. Пресечете парчиња и послужете.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.03.2020 15:13:43