Омнибус

Прв случај на жена која уринира алкохол

Докторите објавиле прв случај на жена која уринира алкохол поради никогаш досега видена состојба која ефективно нејзиниот мочен меур го претворила во еден вид на микро-пивница.



Оваа состојба била откриена кога докторите од медицинскиот центар во болница на универзитетот на Питсбург испитувале 61-годишна жена која требало да биде ставена на листа за чекање за трансплантација на црн дроб. Таа боледувала од цироза на црн дроб и дијабетес, болести често поврзани со алкохолизам и често пиење на алкохол.

Таа тврдела дека ретко пиела алкохол, а докторите, разбирливо, биле скептични бидејќи тестовите на нејзината урина за алкохол секогаш биле позитивни. Многу доктори исто така ја советувале да побара третман за алкохолизам, но таа продолжувала да инсистира дека не пиела ништо.

Но, некои лекари забележале дека тестовите на урина за етил глукуронид и етил сулфат, супстанците добиени со разградување на етанол (алкохол) биле негативни, како и нејзините крвни тестови кои биле негативни за етанол. Тоа значело дека алкохолот не бил во нејзиниот крвоток, поради што таа не се чувствувала пијано.

Овој чуден склоп на околности евентуално ги навел  повторно да и ја испитаат урината, по што било откриено дека во нејзиниот мочен меур имало колонии на нишката квасец наречена Candida glabrata, габа која е дел од нормалната човечка флора и која е блиска “роднина“ на пивскиот квасец (Saccharomyces cerevisiae).

Докторите земале примероци од квасецот, го ставиле во Петриев сад и тој под одредени услови ферментирал и продуцирал алкохол.

Тие  ја дијагностицирале жената со редок случај на синдром на ферментациски мочен меур, ефект кој досега не бил сретнат во овој орган, туку само во дигестивниот систем.

За жал, оваа состојба може да предизвика навлегување на алкохолот во крвта, чувство на заматеност на главата, вртоглавици, повраќање, мемориски црни дупки, па дури и губење на свеста.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.03.2020 12:15:30