8 недоволно познати факти за храната

Повеќето луѓе веќе се запознаени со фактот што понекогаш во месото може да има антибиотици, на разните овошја зеленчуци да има пестициди, па и бактерии како E.Coli и сл.

Но, тоа пак не значи и дека секоја храна која е класификувана како „поздрава“ не може да има негативни последици за здравјето. Еве некои недоволно познати факти за храната:

1) Замрзнатото овошје може да е поздраво од свежото



Истражувањата покажуваат дека замрзнатото овошје генерално содржи еднаков број на хранливи состојки во споредба со свежото, а понекогаш нуди и поголеми здравствени придобивки. На пример, една студија покажала дека замрзнувањето на овошјето помага во задржување на нутриенти како што е витаминот Е и минералите како калциумот и железото.

2) Не секое вино е веганско

За да виното се прочисти, се користат агенти како казеин (млечен протеин), албумин (белка од јајце), желатин (животински протеин) и исинглас (протеин од рибите). Иако генерално од овие продукти не остануваат никакви остатоци во виното по неговото процесирање, секој кој што се противи на користење на било каков животински продукт во неговата исхрана треба да внимава на виното кое го купува специјално да е напоменато дека е веганско.

3) Нездравата исхрана може да влијае на мозокот

Австралиска студија од 2015-та открила дека луѓето во нивните 60-ти кои јаделе многу процесирана храна имале помал хипокампус – дел од мозокот клучен за учењето и меморијата – во споредба со оние кои јаделе претежно свежа храна. Во 2019-та, пак, истражување открило поврзаност помеѓу диеталните пијалаци и срцевите заболувања, мозочниот удар и смртта од различни причини. Специфично, жените кои пиеле два или повеќе диетални пијалаци дневно имале 29% поголема шанса за срцево заболување, 31% поголема шанса за мозочен удар и 16% зголемен ризик од прерана смрт во споредба со оние кои такви пијалаци пиеле помалку од еднаш неделно.

Друга студија, пак, покажала дека оние кои пиеле повеќе од еден пијалак дневно кој содржел вештачки засладувачи имале 3 пати поголеми шанси да развијат деменција, во споредба со оние кои таков пијалак пиеле помалку од еднаш неделно.

Важно е да се напомене дека ваквиот вид студии само ја покажува поврзаноста помеѓу два фактори, но не докажуваат дека едниот секојпат го предизвикува другиот.

4) Бадемовото млеко не е толку здраво колку што се рекламира дека е

Многу е чудно што луѓето кои ја избегнуваат процесираната храна пијат бадемово млеко, имајќи в предвид дека комерцијалното вакво млеко содржи само 4-5 бадеми, вода, додадени витамини и адитиви за да пијалакот изгледа како млеко, а најмалку од сè е природно и непроцесирано.

5) Не секоја процесирана храна е лоша

Луѓето автоматски го сметаат терминот „процесирана храна“ како нешто негативно, но тоа не е секогаш случај. На пример, бидејќи готвењето на доматите ја зголемува био-достапноста на ликопенот (соединението кое помага против канцер), некои спакувани и конзервирани продукти од домати се одлична опција. Исто така, истражувањата сугерираат дека готвењето на брокула со пареа може да го зголеми нивото на антиоксиданси во неа.

6) Пивото може да го спречи расипувањето на забите

Во студија од 2012-та било откриено дека пивото може да го спречи растот на бактерии кои предизвикуваат болести на непцата и расипување на забите (особено пивото како Гинис).

7) Морската и „обична“ сол содржат иста количина на натриум

Морската сол вообичаено се смета за поздрава алтернатива на обичната, но тоа не е баш точно – и двете варијанти содржат скоро иста количина на натриум, а морската сол не нуди ништо поголеми здравствени придобивки во споредба со обичната.

8) Лутата и зачинета храна може да го продолжи животот

Според студија во која биле анализирани здравјето и исхраната на 500 000 луѓе во Кина во период од 4 години, било заклучено дека скоро секојдневното јадење на лута и зачинета храна може да го продолжи животот за неколку години, а причините за тоа не се сосема јасни. Она што било јасно е дека тие кои биле дел од студијата а кои јаделе ваква храна имале помали шанси за предвремена смрт.

Други истражувања, пак, покажале дека состојките во зачинетата храна како што е капсацинот помагаат за намалување на штетните масти во крвта (LDL холестеролот и триглицеридите), како и за намалување на инфламацијата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.03.2020 12:05:49