Истражувачите од школата за инженеринг и применети науки Џон А. Полсон (SEAS) и универзитетот Beihang развиле мека роботска рака инспирирана од октоподите, која може да фаќа, поместува и манипулира со објекти, а ги има и вшмукувачките пипки со чија помош може цврсто да држи објекти со секакви форми, големини и текстури.
Истражувачите од SEAS знаат дека две третини од невроните на октоподите се во нивните пипки, што значи дека секоја пипка буквално има сопствен ум.
Претходните истражувања со роботи инспирирани од октоподите се фокусирале или на имитирање на вшмукувањето или на движењата на пипките но никогаш и на двете истовремено – што е случајот со овој робот.
Тие ја дизајнирале нивната роботска рака со имитирање на генералната структура и дистрибуција на вшмукувачките пипки на октоподите, а за нејзино контролирање искористиле 2 вентили – еден кој овозможува притисок за превиткување на раката и еден за вакуумот кој ги активира вшмукувачките елементи. Со менувањето на притисокот и вакуумот, раката може да се прицврсти за некој објект, да се обвитка околу него, да го носи и да го испушти.
Резултатите од оваа студија не само што ќе овозможат нови информации во креирањето на следната генерација меки роботи, туку и ќе допринесат за подобро разбирање на варијабилноста на движењата на пипките на разните видови октоподи.