BMW Concept i4

BMW ја претставија концепт верзијата на i4 – комплетно електричен модел кој треба да почне да се произведува во 2021 и да биде ривал на Tesla Model 3.



Дизајнот е скоро идентичен со оној BMW 4 Series Gran Coupe, со тоа што i4 има поголема предна решетка, променет дизајн на предните фарови и на задниот дел, како и бројни сини елементи со цел повеќе да се разликува од конвенционалниот модел.

Додадени се и разни дизајнерски ревизии за зголемување на аеродинамичноста на возилото, како нови алуминиумски бандажи и затворени отвори за воздух на предниот браник.

Внатре има нов заоблен infotainment екран/дигитална инструмент табла, комбинација за која BMW велат дека ќе се користи во идните iNEXT SUV и i4 електрични модели. Преку тој екран ќе може да се комбинираат скоро сите функции на автомобилот.

BMW Concept i4 има електричен мотор со моќност од 530 коњски сили, кој овозможува забрзување од 0-100км/ч. за 4 секунди, и максимална брзина од 200км/ч. Напојуван е од батериски пакет од 80kWh, кој овозможува максимален домет од 600км.

Возачите ќе имаат избор од 3 дисплеј модови за infotainment системот, од кои секој ќе овозможува уникатно амбиентално осветлување на ентериерот – “Core,” “Efficient” и “Sport“, од кои спортскиот мод ќе ја осветлува кабината во црвено и на екранот додава дисплеј кој покажува под кој агол е следната кривина.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.03.2020 11:13:45