Омнибус

Војската на САД користи делфини за откривање на експлозиви

Минатата недела на социјалните мрежи се појавија фотографии од делфини натоварени во воен транспортен авион, за што многумина сметаа дека е некаква измама.



Сега, портпаролот на 60-то крило на Воздухопловните сили на САД дека фотографиите се легитимни,и дека делфините се дел од тим трениран да детектира подводни експлозиви.

Војската на САД тренира делфини и морски лавови да детектираат подводни мини уште од 1960-тите, кои инаку се тешки за детектирање со електронски сонар, особено во плитките води – но затоа делфините релативно лесно ги пронаоѓаат.

Делфините од фотографијата биле на пат кон станица во Флорида, а од морнарицата тврдат дека тие се исклучително добро згрижени – се транспортираат во посебни резервоари, а за време на сите летови се надгледувани од тренирани ветеринари.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.03.2020 11:24:11