Футурама

Gruzovikus - иднината на електричните шлепери

Креативното студио од Москва, Art Lebedev, објавило компјутерски рендери на Gruzovikus – концепт на шлепер кој би можел да го создаде патот за иднината на автономните камиони од овој вид.



Дизајниран со оптимизирана аеродинамика, тој е усовршен многу повеќе од било кој камион од овој вид на денешниот пазар. Програмиран со вештачка интелигенција (AI) и врвна технологија, овој проект, според неговите креатори, е идеална комбинација на „интелигенција и убавина“.

Без возачко седиште, овој автономен камион на предницата има огромен OLED панел опремен со технологија за пасивна компјутерска визија која вклучува камери, сензори и радари. Камионот е сособен да ја одредува далечината до блиските објекти, додека централниот компјутер инстантно реагира на промените во сообраќајните услови.

Со Gruzovikus камионите значително би се редуцирала цената на транспортот, бидејќи нема да се потребни шофери, а и би се напојувале со струја.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.03.2020 10:56:47