Shimon е робот кој пее, малку игра, пишува текстови за песни, па дури и компонира мелодии, кој наскоро ќе оди на концертна турнеја како било кој друг музичар.
Новиот албум на кој што Shimon свири ќе има 8 до 10 песни кои тој ги има напишано со неговиот креатор Џил Вајнберг, професор на музичката школа и основач на центарот за музичка технологија при технолошкиот институт на Џорџија , каде ја води групата Robotic Musicianship (роботско музичко друштво).
Неговиот албум ќе го има на Spotify подоцна оваа пролет, а процесот на правење песни е следниот: Вајнберг започнува со одредена тема – на пример, вселена – а Shimon ги пишува текстовите на таа тема. Потоа, Вајнберг ги организира и компонира мелодиите со помош на Shimon, кој заедно со други човечки музичари ги изведува песните.
Вајнберг и неговите студенти го тренирале Shimon со помош на податоци од 50 000 текстови на песни од џез, прогресивен рок и хип-хоп стиловите, кој потоа со помош на алгоритми за машинско учење може да генерира сопствени зборови.
Кога Shimon ги пее песните, тој навистина пее со помош на уникатен глас креиран од колабораторите од универзитетот Pompeu Fabra во Барселона.
Покрај новите вештини развиени во лабораторијата на Вајнберг, Shimon има и нов хардвер кој го менува начинот на кој што тој свири и се движи на сцената. Тој претежно е неподвижен, но има уста, веѓи и нови движења на главата дизајнирани да прикажува емоција и да има интеракција со останатите членови на бендот.
Роботот има и нови „раце“ кои целосно го промениле начинот на кој што тој свири маримба (музички инструмент, кој припаѓа на ударните инструменти, со конструкција слична на ксилофон).