Што предизвикува недостаток од калиум?

Калиумот е витален за здравјето – бројни студии покажале дека исхраната богата со овој минерал (а со малку натриум) може да го намали ризикот од срцеви заболувања, хипертензија и мозочен удар.

На пример, мета-анализа на 16 студии направена во 2016-та открила дека намален ризик од мозочен удар бил поврзан со внесување на околу 3500mg калиум дневно.



Абнормално ниското ниво на калиум во крвта – состојба наречена хипокалемија – може да предизвика камења во бубрезите бидејќи ја намалува нивната функција да го реапсорбираат калциумот, што доведува до формирање на песок и камчиња.

Во зависност од колку сериозен е недостатокот на калиум, може да се јават и симптоми како замор, болки и слабост во мускулите, запек, а во посериозни случаи и срцева аритмија.

Секој ден губиме околу 195mg. калиум преку урината, па така лекови кои предизвикуваат губење на течности (диуретици, кортикостероиди, лаксативи, клизми и сл.) се најчестите причинители на недостаток на калциум.

Недостаток на калциум може да предизвикаат и лекови за намалување на киселината во желудникот, аспирин, како и некои антибиотици.

Повраќањето, дијареата и останати симптоми можат да предизвикаат телото да губи течности и електролити, во кои спаѓа и калиумот, а доколку тоа се случува често, може да настане хипокалемија. Истото се случува и кај пациентите со операција на цревата, како и кај оние кои имаат воспалителна болест на цревата како улцеративен колит, Кронова болест и сл., бидејќи апсорпцијата на електролити е намалена а исфрлањето на калиум зголемено преку дијареата.

Некогаш, хипокалемија може да се случи кај оние со ретки болести на бубрезите, како синдромот Фанкони или ренална тубуларна ацидоза.

Калиумот претежно го има во овошјата и зеленчуците како бананата (400mg), сок од портокал (496mg. во шолја), гравот (607mg. во шолја), компир (610mg.) и др.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.03.2020 13:17:08