Минатата година, најмалку 30 мажи го посетиле ортопедскиот хирург Кевин Дебипаршад, за да им се изврши операција за издолжување на нозете.
Цената за процедурата е исклучително висока (над $100 000), што значи дека потенцијалните клиенти се исклучително богати.
Официјално наречена „дистракциска остеогенезa”, операцијата вклучува сечење коски - докторот сече низ фемурот или тибијата на пациентите, со што ги присилува коските да се раздвојат со метални импланти за да потоа заздрават околу 8 сантиметри подолги.
Пред Кевин да ја основа клиниката LimbplastX во 2018-та, поголемиот број случаи на кои што работел биле пациенти на кои операцијата за продолжување на нозете им била потребна за да чекорат и живеат нормално.
Доколку мекото ткиво кое расте и формира нови коски кај децата е повредено, растот на едната нога може да биде спречен, а истото може да се случи и кај возрасни кои имале сообраќајна несреќа, или дел од нивната коска бил отстранет за третирање на канцер или сериозна инфекција.
За ваквите пациенти, продолжувањето на нозете би било неопходен чекор кон опоравувањето, меѓутоа во клиники како LimbplastX, ваквата процедура може да стане само уште еден начин на кој богатите луѓе може со помош на доктори да го коригираат она што го перцепираат како личен недостаток.
Кевин процедурата, пак, ја споредува со импланти за гради, задник, коригирање на носот и сл.
Пред да се направи операцијата, се одржуваат средби со пациентите за да се процени дали се спремни за процедурата, а понекогаш се случува истите да бидат и одбиени.