Тим истражувачи од технолошкиот институт Рочестер откриле објект кој сè уште се формира на 330 светлосни години од Земјата, а најверојатно се работи за најмладата планета толку блиску до Сончевиот Систем.
Астрономите проценуваат дека објектот е стар помалку од 5 милиони години, и дека орбитира околу неговата ѕвезда на далечина од 600 AU (астрономски единици). Инаку, 1 AU = далечината помеѓу Земјата и Сонцето. Тој има маса 10 пати поголема од онаа на Јупитер, што го става во категоријата гигантска планета/кафеаво џуџе.
Објектот е откриен благодарение на Gaia, мисијата на Европската Вселенска Агенција чија цел е продуцирање на најдеталната мапа досега на Млечниот Пат. Леталото инаку ги следи точните позиции на над милијарди ѕвезди.
Истражувачите со помош на Gaia ги набљудувале суб-ѕвездените објекти (планети или кафеави џуџиња) во групата ѕвезди Epsilon Chamaeleontis, а новооткриениот објект заслужува студија за подобро да разбереме како бил формиран и колку точно е стар.