Атиџе: Сакам малку да ме остават на раат, си имам работа со пчелите

Сакам малку да ме остават на раат од интервјуа. Со пчелите си имам работа, порача денеска на прес-конференција преку видео врска од Холивуд, ѕвездата од „Медена земја“, Атиџе Муратова.



Атиџе, која денеска на прес-конференцијата заедно со екипата на „Медена земја“ одговараше на новинарски прашања, вели дека и се допаѓа Лос Анџелес, а најмногу му се радува на океанот.

– Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Но, сакам малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите, рече Муратова.

Извор:  МИА
Објавена на 11.02.2020 13:28:48