Омнибус

„Игра, љубов и лудории“- започна карневалот во Венеција

Прочуениот Карневал во Венеција, денеска е отворен со темата „игра, љубов и лудории”, само неколку месеци по катастрофалните поплави што го погодија овој италијански град.

Годинашниот фестивал беше отворен и почна со парада на чамци по надалеку познатите канали. Повеќето учесници се одлучија за традиционалните маски, но некои носеа и посовремени костими, како оние за познатите научнофантастични филмови.

View this post on Instagram

A post shared by ℂ𝕒𝕣𝕟𝕖𝕧𝕒𝕝𝕖 𝕕𝕚 𝕍𝕖𝕟𝕖𝕫𝕚𝕒 𝟚𝟘𝟚𝟘 (@venice_carnival_official) on


Традицијата е започната во 1162 година, по воената победа на Венецијанската Република против патријархот Улрих Втори од Аквилеја. Ширум светот, фестивалот е познат по раскошните маски и костими, а со него се означува почетокот на 40-дневните велигденски пости.

Медиумите пренесуваат дека годинава карневалот привлече помалку туристи од вообичаено. Тоа значи дека 70 отсто од хотелското сместување е пополнето и тоа е така најверојатно поради епидемијата на коронавирусот и неодамнешните поплави.
View this post on Instagram

A post shared by ℂ𝕒𝕣𝕟𝕖𝕧𝕒𝕝𝕖 𝕕𝕚 𝕍𝕖𝕟𝕖𝕫𝕚𝕒 𝟚𝟘𝟚𝟘 (@venice_carnival_official) on


На настанот годинава првпат ќе се користи високотехнолошки систем што ќе брои колку туристи во определено време се наоѓаат во одреден дел од градот. Властите во Венеција објаснуваат дека тоа ќе им помогне да знаат како туристите се движат и како го користат просторот.

Извор:  МИА
Објавена на 10.02.2020 12:47:15