Футурама

Ајкулите еволуираат да можат да се движат на копно

Новооткриена вид на ајкули се способни да се движат на копно, користејќи 4 перки за тоа наместо нозе. Се работи за еволуиран вид кој живее во вода, но со перките може да се влече низ коралните гребени за да мигрира од една плима во друга.



Тоа значи дека сега постојат 9 познати видови ајкули кои можат да се движат на копно, а научниците кои стојат зад откритието на последната тврдат дека човештвото е безбедно – барем сега засега.

Овие ајкули имаат должина помала од 1 метар и не претставуваат никаква закана за луѓето. Нивната способност да преживеат во опкружување со малку кислород и да се движат со перките им дава голема предност врз нивниот плен (малечките ракови и мекотели).

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.02.2020 12:37:27