Футурама

Како би можела да се изведе трансплантација на глава?

Идејата за трансплантирање на човечка глава од едно на друго тело е често дел од научната фантастика и моментално е неизводлива процедура, а неврологот Брус Метју добил идеја за која тврди дека наскоро би можела да стане вистинска процедура.

Според него, глава би можела да биде трансплантирана единствено доколку и целиот ‘рбет се трансплантира заедно со неа.

Причината за тоа е што мозокот мора да се задржи поврзан за него, а според Брус, технологија возможна за ваква процедура се очекува да биде развиена во наредните 10-на години.

Моментално, можеме да поврземе 1 до 2 нерви, но со роботиката и вештачката интелигенција тој број би се зголемил на околу 200.

Брус смета дека една ваква процедура би имала бројни компликации, бидејќи телото на примателот најверојатно ќе се обиде да ја отфрли толкавата количина на материјал. Иако тој го нема комплетното решение, тврди дека со трансфер на бактерии од стомакот заедно со главата и ‘рбетот, како и трансплантација на матични клетки, би овозможило прифаќање на трансплантот.

Моментално, Брус нема планови оваа идеја да ја разработи повеќе, иако италијанскиот невролог Серџо Канаверо последните неколку години активно се обидува да направи трансплантација на човечка глава.

Во 2017-та тој објави дека успешно трансплантирал глава од еден човечки леш на друг, а претходно тврдеше дека тоа го направил врз мајмун во живот бил одржуван 20 минути, за кое траење ја немал повратено свеста.

И покрај сето ова, тој има донор кој е доброволец да подлегне на една таква процедура (откако Валериј Спиридонов, првиот доброволец се повлекол).

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.02.2020 16:52:40