Футурама

Откриен начин за креирање кислород од лунарната прашина

Научниците од Европската Вселенска Агенција (ESA) откриле начин за продуцирање на кислород од лунарната прашина.



Со анализирање на примероци од вистинската лунарна прашина било откриено дека 40-45% од нејзината тежина е кислород, па во лабораторијата на ESA во Холандија е отворен прототип на „кислородна централа“ – систем кој го меша симулираниот лунарен реголит со стопена сол од калциум хлорид. Оваа мешавина потоа се загрева до 950 °C и низ неа се пушта електрицитет, при што се ослободува кислород во процес наречен електролиза на стопени соли.

Овој процес на електролиза има уште еден корисен нуспроизвод – метални легури, за кои научниците бараат најдобри начини на кои би можеле да се искористат на Месечината.

Оваа технологија засега не е испитана со примероци од вистинска лунарна прашина, а тимот е во процес на дизајнирање на „пилот централа“ која би можела да се користи на Месечината до средината на 2020-тите.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.01.2020 15:07:57