Ирина Шајк не жали за времето поминато со Бредли Купер.
Руската манекенка е на насловната страница на британскиот Вог, а во изданието за прв пат се отвори за нејзината врска со режисерот на „А star is born”.
-Мислам дека во сите добри врски го носиш најдоброто и најлошото од себе – тоа е природата на човекот. Двајца одлични луѓе не мора да бидат одлична двојка, вели Шајк.
-Мислам дека сме мошне среќни што можевме да го искусиме она што го имавме. Животот без Б е нов терен, додава манекенката.
Шајк и Купер беа заедно од 2015-та, а се разделија во 2019-та непосредно по гласините за наводната романса помеѓу актерот и Лејди Гага.
Парот неодамна постигна договор околу старателството на ќерката Леа де Сена. Зборувајќи за тоа како е да се балансира помеѓу детето и работата, Шајк признава дека понекогаш не знае што да прави.
-Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и да се работи и да се обезбедува за живот. Верувајте ми, има денови кога се будам и си велам, „О боже, не знам што да правам, се распаѓам“, вели таа.