Футурама

Rolls Royce ќе градат малечки нуклеарни реактори

Rolls Royce не прават само луксузни автомобили, туку се се вклучени и во футуристички проекти како креирање на електрични авиони и ласерски системи за оружја.



Сега, компанијата планира да гради малечки нуклеарни централи кои ги нарекува „малечки модуларни реактори“.

Планираните нуклеарни реактори се 10 пати помали од традиционалните и се многу полесни и побрзи за изградба. Новите реактори би биле изградени за само 4 години, додека најкратко време за кое бил изграден некој од традиционалните реактори во Обединетото Кралство е 8 години.

Од Rolls Royce тврдат дека секоја станица ќе произведува 440 мегавати електрицитет, што е околу 3/4 енергија која ја генерира еден традиционален реактор

Обединетото Кралство моментално работи на затварање на постоечките нуклеарни централи благодарeние на старата инфраструктура и загриженоста за околината, а целта е последната да се затвори до 2030-та.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.01.2020 09:39:55