Dave’s Kitchen: Италијански леб со артичока

Италијанскиот леб, овојпат доаѓа во комбинација со една од највкусните состојки – артичока.

Таа му дава богат, егзотичен вкус и необичен мирис на овој леб, а тајните состојки во тестото се маслиновото масло и компирот.



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки и замесете меко тесто. Поделете го на два еднакви делови и распределете го во две правоаголни тави, добро премачкани со маслиново масло.

Оставете да стаса околу 40-60 минути на собна температура. Пред печење со помош на прстите направете дупчиња низ целата површина и наредете со парчиња артичока исечкана на помали листови. Врз тоа ставете го ситно исечканиот лук и полејте со малку маслиново масло.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути.

Добар апетит и забавно готвење.
За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.01.2020 09:30:11