Леброн: Дај ми сила од небото и внимавај на мене!

Кошаркарот Леброн Џејмс, сè уште не може да се соземе по ненадејната смрт на неговиот близок пријател Коби Брајант. Џејмс и соиграчите од ЛА Лејкерс дознаа за трагичната вест на лет за дома, a Леброн беше забележан додека плаче на аеродромот, непосредно по слетувањето.

Денес, првата ѕвезда на Лејкерс, собра сила и ги сподели своите емоции на Instagram.

-Не сум подготвен, но еве ќе започнам. Седам и се обидувам да напишам нешто, но секој пат кога ќе се обидам, започнувам да плачам кога ќе помислам на тебе, внуката Џиџи и пријателството/врската/братството што го имавме! Буквално ти го слушнав гласот во неделата наутро кога заминав од Филаделфија за ЛА. Ниту во милион години не можев да замислам дека тоа ќе биде последниот разговор што ќе го имаме. Што по ѓаволите! Брате, скршен сум и уништен, напиша Леброн на својот Instagram профил.



-Те сакам голем брате. Сочувстувам со Ванеса и децата. Ти ветувам дека ќе го продолжам твоето наследство! Многу ни значиш на сите особено на #LakerNation и моја должност е да го носам овој товар и да продолжам понатаму! Те молам дај ми сила од небото и внимавај на мене! Има уште толку многу нешта кои што би сакал да ги кажам, но едноставно не можам сега бидејќи не можам да преминам преку тоа! Додека повторно не се сретнеме, брате!, додаде тој.

Коби Брајант, неговата ќерка Џиана (13) и уште седум други лица, загинаа во несреќа, откако хеликоптерот со кој што летаа во неделата, ненадејно се урна.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.01.2020 08:39:46