Футурама

Жив бетон кој може самиот да се поправа

Научниците од универзитетот на Колорадо креирале т.н „жив бетон“ кој со помош на фотосинтетички бактерии може самиот да расте и да се регенерира, слично на живите организми.



Бетонот е мешавина од желатин, песок и цијанобактерии коj се лади слично на желето за готвење, а резултирачката структура била способна трипати да се регенерира откако била исечена, сугерирајќи потенцијален нов напредок во полето на материјали кои самите се составуваат.

Новиот материјал е направен во партнерство со DARPA, а во почетната фаза има зеленикава боја која се губи како што бактериите во него умираат. Откако бојата ќе исчезне, бактериите можат да преживеат неколку недели и да бидат „подмладувани“, што резултира со нивен понатамошен раст во вистински услови.

Од DARPA се особено заинтересирани за само-растечки материјали кои можат да се користат за градење структури во далечните пустински области, или потенцијално дури и во Вселената.

Извор:  МИА
Објавена на 27.01.2020 15:22:54