Футурама

ЕСА планира да чисти ѓубре во Вселената

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира заедничка мисија со комерцијален конзорциум за расчистување остатоци од вселената од голем број вселенски мисии.



Првата мисија од ваков вид ќе биде лансирана во 2025 година под името ClearSpace 1 во соработка со швајцарската фирма „Clear Space“.

Буџетот за проектот изнесува 120 милиони евра, а подготовките ќе започнат во март.

Целта е да се испрати сонда со фаќалки во вселената што ќе ги фати остатоците од стара ракета на ЕСА, ќе ја спушти во пониска орбита и ќе ја запали во атмосферата. Ова треба да биде принципот на расчистување на големи парчиња ѓубре од Вселената.

Во последниве години се зголемуваат стравувањата дека може да се појават вселенски несреќи бидејќи таму има сè повеќе напуштен материјал, а забрзано се работи на развојот на комерцијални летови. Исто така, постојат стравувања дека големи парчиња отпад би можеле да пропаднат на Земјата

Извор:  МИА
Објавена на 10.12.2019 17:58:09